Skip to main content

Никогаш повеќе да не се случи

Откриен споменикот „ Скалила“. Неделата на струшката плажа „Галеб“, беше откриен паметникот во чест на тројцата стружани д-р. Кире Ѓоргоноски, д-р. Јосиф Докоски и Јинче Кувенџиески. Тие на тоа место минатата година настрадаа од струен удар.

 |  Билјана Николоска  | 
spomenik
spomenik
Акростих за незаборав. „Во една наша нема солза, цело езеро рика во гнев и бол“. Ова е испишано на една од четирите плочи на споменикот „Скалила“, кој неделата беше откриен во чест на тројцата стружани кои трагично ги загубија своите животи од струен удар. На споменикот во вид на буквата „И“, со акростих на Венко Андоноски, се испишани и останатите три плочи така што секој стих започнува со почетната буква од имињата на настраданите. И денес после година дена од немилиот настан времето плаче. Тешко може да се смири болката од загубата на тројцата другари, за чија што смрт неприфатливо е да се каже дека е несреќен случај, велат од здружението граѓани на Струга, кои ја покренаа иницијативата за подигање на ова спомен обележје. Но и останатите граѓани на Струга со непомалку болка, одаваат почит и со сеуште свежи сеќавања говорат за нив.
spomenikБолката на најблиските секако дека е најголема и непреболна. Мирјана Докоска сопруга на настраданиот Јосиф Докоски, упати порака дека жртвите никогаш нема да се заборават за да не се повтори таква голема трагедија.
„Изразувам благодарност до иницијативната група граѓани која ја реализираше идејата за поставување на ова спомен обележје. Ова треба да биде паметник на едно време на една човечка неодговорност и негрижа, спомен на болка и многу пати поставуваното прашање дали требаше да се случи ваква трагедија. Во исто време ова треба да биде место на надеж дека трагично загинатите на кои им беше одземен животот и радоста не се заборавени. Нивната и наша трагедија треба да опоменува, предупредува и променува. Треба да се испрати силна порака кон оние кои се одговорни за креирање на нужно безбеден амбиент дека не е прифатливо да се констатира дека за една непоставена склопка или едно метро кабел загинаа тројца недолжни граѓани“.
spomenikОд здружението на граѓани, од каде произлезе иницијативата за споменикот, велат дека покрај тоа што се согледале последиците за трагедијата, ќе се инсистира да се анализираат причините. Според нив единствените кои се осудени за оваа трагедија, кои струшкиот Основен суд ги обвини за „Предизвикување на тешки дела против општата сигурност на луѓето“,  Цвете Вранишкоски, Климе Миладиноски и Гоце Јанески, се само последица на тоа што некој нив им прогледал низ прсти како сопственици на шанкот. Несреќета се случи на 11 Септември 2010 година.

{loadposition content9}