„Два и пол мажи“ ги руши рекордите на гледаност
Без оглед на тоа што многумина не очекуваа дека Ештон Качер доследно ќе го замени легендарниот Чарли Шин во „Два ипол мажи“, тој не само што го направи тоа туку и ги сруши рекордите на гледаност на оваа серија.
Чарли ја напушти серијата „Два ипол мажи“, а како негова замена дојде прексрасниот Качер.
Многумина очекуваа пад на гледаноста и дека Ештон едноставно нема да може да ги „следи стапките“ на Чарли, кој го толкуваше главениот лик во оваа хумористична серија. Сепак, скептиците останаа со подзинати усти, бидејќи гледаноста на првата епизода од 9 сезона достигна 28.74 милиони, што е повеќе од половина од гледаноста на првата епизода на 8 сезона.
Во епизодата е воведен Ештоновиот лик, „Валден Шмит“ , милионер кој поголем дел од времето се шета гол. Објаснувањето е дека ликот кој го глумеше Чарли Шин бил прегазен од воз во подземјето на Париз.
{loadposition content9}