Skip to main content

На кој прст носите прстен?

Секој прст на раката има сопствено значење. Во зависност од тоа каде е поставен прстенот, сигналот што го дава тој е различен.

 |   | 
ring
ring

Најмалиот прст често го гледаме аристократски одделен настрана? И во вистинска и во преносна смисла, тој лесно се одделува од определената насока – станува збор за љубовниот флерт и за скршнувањата. Таквите еротски или духовни отстранувања можат да бидат своеглави, оригинални или каприциозни. Ако некој врз малиот прст носи брилијант со златен оков, тогаш тој човек има тенденции на необична личност, забележлива и општествено значајна. Ако млада дама врз овој прст носи неколку префинети, естетски и хармонично наредени нетрадиционални алки, може да се претпостави дека таа бара оригинални мотиви и со внимание и љубопитство го восприема еротското и привлечното. Но, со сигурност би сакала да испита и многу нови впечатоци.

{loadposition content9}