Skip to main content

Лоши есенски навики

Есента носи намалени температури, но и зголемен ризик од добивање на вишок килограми. Откријте кој се и како да се ослободите од нив.

 |   | 
esen
esen

Есента носи намалени температури, но и зголемен ризик од добивање на вишок килограми. Откријте кој се и како да се ослободите од нив.

foodТешка храна

Постуденото време секако го зголемува апетитот, а со доаѓањето на есента ни доаѓа и желбата за храна која поради летните жештини сме ја избегнувале. Сармички, грав, бурек, пити и торти се само дел од богатата есенска трпеза која за миг може да ни додаде и неколку килограми.

Решение: Нема причини да не уживате во вкусната и нешто покалорична храна на есенската кујна, но како и во се останато треба да бидете умерени. Намалете ги порциите, а што се однесува до десертите, ако ги правите само нека бидат тоа полесни десерти ,со помалку шеќер.

kilogrami

Намалена активност

Нормално е во текот на летото да бидеме поактивни, затоа што поголемиот дел од времето го минуваме надвор од домот. Многумина летното време го искористуваат за прошетка, возење со велосипед, трчање или возење на ролерки, но со доаѓањето на првите дождови таквите активности се одложуваат, што може да доведе до дебелеење.

Решение: Не ги одложувајте физичките активности, туку преместете ги во затворен простор. Избришете ја прашината од собниот велосипед, орбиттрекот и ДВД-то се вежби и тргнете во акција. Доколку сакате да вежбате во друштво, рекреацијата побарајте ја во сала или фитнес центар.

desertПостудено време = поголем апетит

Ако помисливте дека тоа само си го замислувате, сега знаете дека е вистина. Не станува збор за ПМС, туку за вистински засилен апетит кој со падот на температурите засилено расте, затоа што храната е гориво за организмот и на тој начин го загрева.

Решение: Не дозволувајте да ви биде ладно. Облекувајте се во слоеви, попладне пред додека лежите пред телевизорот употребете ќебе, а што се однесува до храната, кога ќе почувствувате глад меѓу оброците за дополнителна енергија посегнете по здравиот мис за грицкање кој содржи суво грозје, лешници, бадеми и слични јаткасти плодови.

Облеката ги прикрива недостатоците

Докажано е дека жените во текот на летото водат повеќе грижа за своето тело трудејќи се во текот на двете недели од годишниот одмор да изгледаат најдобро што можат. Но, со доаѓањето на есента започнувавме да носиме поудобна облека која ги прекрива сите недостатоци и со самото тоа полека го занемаруваме целулитот, стомачето и сличните женски проблеми кои преку лето толку ни пречат.
Решение: Секој од нас кога ќе се погледне во огледало без облека, секогаш пронаоѓа некој недостаток кој би сакал да го промени. Затоа, не ја чекајте идната сезона на костими за капење, туку веднаш фатете се за работи и со мали, но сигурни чекори обидете се да ја остварите зададената цел.

{loadposition content9}