„Излези момче право на тераса“ – тема во грчкиот Парламент
На седница во грчкиот Парламент тема на прашања и аргументи била навивачката песна „Излези момче на тераса“ која во екот на учеството на македонската кошаркарска репрезентација на Европското првенство во Литванија стана широко позната во Македонија.
– Пред некој ден на Евробаскет. На Евробаскет, горе во Литванија, каде што играа репрезентациите, знаете во соблекувалните што пееја кошаркарите? Знаете што велеа во нивната химна? Ќе стигнеме до Солун. На еден кошаркарски натпревар – рече Кирјакос Велопулос – пратеник од ЛАОС, обвинувајќи ја грчката влада за неодлучност и тајни разговори со Македонија.
Алтернативниот министер за надворешни работи Марилиза Ксенојанакопулу на ова одговорила дека позицијата на Грција е јасна и чиста во поглед на тоа дека преговорите се одвиваат во рамките на ООН, а дека прифатливо е решение со географска одредница.
{loadposition content9}