Зошто овошниот сок не смее да се вбројува во здрави намирници?
„Една чаша овошен сок“ – вака започнуваат повеќето диети или советодавни мислења за живеење на здрав живот. Но, експертите порачуваат дека таа чашка здравје би можела повеќе да ви штети отколку што можете да замислите.
„Една чаша овошен сок“ – вака започнуваат повеќето диети или советодавни мислења за живеење на здрав живот. Но, експертите порачуваат дека таа чашка здравје би можела повеќе да ви штети отколку што можете да замислите.
Експертите тврдар дека овошните сокови содржат доволно шеќер за да се зголеми ризикот од одредени типови на рак, наместо да делуваат кон негово спречување. Додека сокот се обработи и спакува, повеќето состојки од овошјето кои го штитат организмот од тумот се губат, пишува Daily Mail.
Истражувачи од Австралија се обиделе да утврдат колку се делотворни различните видови на овошје, зеленчук и сокови околу спречувањето на рак на дебело црево.
Тие ја следеле истрагата на 2.200 луѓе во период од две години. Сосема очекувано, резултатите покажале дека испитаниците кои секојдневно јаделе свежи јаболка, карфиол и брокула развиле посилен имунитет и така го намалиле ризикот од заболување од опасната болест. Од друга страна, оние кои конзумирале големи количини на овошен сок влегле во групата на луѓе кои се со поголем ризик од заболување од рак.
Истражувањето кое е објавено во магазинот на Американската диететска заедница покажало дека оние кои пијат повеќе од три чаши сок дневно имаат далеку поголема шанса за развивање рак на дебелото црево. Најголемиот виновник е шеќерот, кој во многу сокови се наоѓа во големи количини. Освен тоа, сите добри состојки од овошјето, влакната, витаминот Ц и антиоксидансите, се губат за време на преработката на сокот.
Овошните сокови никако не би смееле да се вбројуваат во „петте здрави намирници“ кои ги препорачуваат нутриционистите, велат истражувачите.
{loadposition content9}