Жените се направени од поотпорен материјал
Група белгиски истражувачи ги оправдаа мажите кои цвилат кога се болни. Велат, жените сепак биле направени од поотпорен материјал.
Жените имаат подобар имунитет благодарение на вториот X хромозом, во кој се кодирани молекули наречени микро РНК. Станува збор за генетски роднини на ДНК-та, кои важат за главни регулатори на имунолошкиот систем.
Заради поголемиот пристап на овие молекули, жените се поотпорни на инфекции, па дури и на рак. Мажите пак, се во загуба, затоа што имаат само еден Х хромозом, што е доказ дека не џабе се жалат толку кога се болни.
“Статистиките одамна покажаа дека кај луѓето, како и кај сите останати цицачи, жените живеат подолго од мажите и се поспособни во справувањето со шок епизоди, како сепса, инфекција или траума. Сметаме дека тоа се должи на Х хромозомот кој кај луѓето содржи 10% повеќе од сите микро РНК досега откриени во генетскиот код”, објаснил лидерот на студијата др. Клод Либерт од универзитетот Гент во Белгија.
Микро РНК-та може да ги сузбие протеините кои го поттикнуваат развојот на карцином и да ги натера да го направат спротивното.
Од биолошка гледна точка, таа разлика има еволутивна позадина, бидејќи жените морале да го осигураат опстанокот на видот, што особено е изразено во битката против инфекциите кога се трудни или дојат.
{loadposition content9}