Skip to main content

Намалена казната на братоубиецот од Охрид

Братоубиецот од Охрид кој пред помалку од една година беше осуден со казна доживотен затвор, сега ќе отслужува казна затвор во времетраење од 20 години.

 |  Крсте Голабоски  | 
bratoubistvo
bratoubistvo
Вака одлучи Апелациониот суд во Битола, врз основ поднесените жалби од страна на адвокатите на обвинетиот. Второбвинетиот пак, Зоран Јовески кој беше обвинет дека на Ангелески му помагал да ги разнесе искасапените делови од телото на жртвата, согласно одлуката на Апелациноиот суд доби казна затвор во траење од 3 години. Ова за него е трета пресуда, после измената на првичната казна која му беше изречена во Основниот суд во Охрид во траење од 12 години,  а која претходно веќе беше намалена на 6 години.
Во пресудата донесена од битолска апелација стои дека со измените на Кривичниот закон во 2004 година се овозможува за кривични дела за кои е пропишана и казна доживотен затвор, да се изрече казна затвор од 20 години. Во образложението, како поткрепа за вака донесената одлука било наведено и дека Ангелески бил човек кој зад себе има само едно лесно кривично дело- кражба за која бил парично осуден, а и дека е татко на едно малолетно дете. Во затворската казна на двајцата осудени ќе биде пресметано и времето поминато во притвор од 13 месеци.
Ристо Новаковски адвокатот на Ангелески, изјави дека нема валидни  докази ниту за начинот, ниту за мотивот и времето на убиството.
bratoubistvoДодаде дека е незадоволен од пресудата на Апелациониот суд во Битола и дека ќе поднесе барање за вонредно преиспитување на пресудата, затоа што одлуката е донесена врз погрешни факти и докази обезбедени на незаконит начин.
Грозоморното убиство се случи во 2009 година година во семејната куќа на Ангелески во период од 30. ноември до 3. декември. Живко најпрвин го удрил по глава неговиот помлад брат со тврд предмет потоа му нанел неколку убодни рани по телото и главата и на крај го искасапил мртвото тело на делови. Зоран Јовески пак му помогнал да ги транспортира деловите од телото до местото каде беа пронајдени, на патот кој води до Велестово.

{loadposition content9}