Skip to main content

Ќе има ли Македонија годинава кандидат за Оскар?

Македонскиот филм „Панкот не е мртов“ на режисерот Владимир Блажевски е на пат кон Лос Анџелес, тој е кандидат за Оскар за филмови од неанглиско говорно подрачје.

 |   | 
punk
punk`s not dead

Македонскиот филм „Панкот не е мртов“ на режисерот Владимир Блажевски е на пат кон Лос Анџелес, тој е кандидат за Оскар за филмови од неанглиско говорно подрачје.

Во истата катергорија влегуваат пет филмови кои се ќе борат за најпрестижната награда.

punk Филмот викендов беше премиерно прикажан во Лондон.

„Панкот не е мртов“ оваа година победи во селекцијата „Исток на западот“ (East of The West) на 46. Интернационален филмски фестивал во Карлови Вари.

На Блажевски ова му е трет игран филм (Хај Фај, 1987 и Булевар на револуцијата, 1992).

Филмот на Блажевски е црна комедија за панкери на 40-ина години и без перспектива кои живеат на маргините на општеството во транзицијата.

Нивното рутинско секојдневие е нарушено од неочекувана понуда – да го обноват својот панк-бенд кој бил култен пред 17 години и тоа на еден мултикултурен хепенинг во Дебар кој треба да прикаже релаксирани меѓуетнички односи во Македонија.

punkРаскажува приказна за обидот повторно да се соберат некогашните членови на групата кои се раселиле по републиките на некогашна Југославија.

Во актерската екипа се Јордан Симонов, Тони Михајловски, Камка Тоциновски, Владимир Тулиев, Кирил Поп Христов, Џевдет Јашари. Директор на фотографија е Димо Попов, музиката е на Александар Пејовски.

Во Македонија, „Панкот не е мртов“ беше премиерно прикажан оваа година во март, по повод отворањето на Скопскиот филмски фестивал.

{loadposition content9}