Цвеклото ги смирува нервите
Чаша сок од цвекло на ден е најдобар начин за зачувување на здравјето на кардиоваскуларниот состав. Често нарекуван нова „супер храна“, цвеклото може драстично да го намали зголемениот крвен притисок, а неговите хранливи состојки се познати како чистачи на црниот дроб.
Цвеклото ги обновува клетките на имунолошкиот состав, ја чисти крвта и ја подобрува циркулацијата.
Антиоксидансите во цвеклото го намалуваат нивото на лошиот холестерол во крвта, кој води кон оштетување на ѕидовите на артериите, односно срцев или мозочен удар. Темно црвената боја на цвеклото потекнува од бетацијанинот кој го спречува ракот на дебелото црево.
Сокот од цвекло има многу силно делување, па се препорачува понекогаш да го разредувате со поблаги сокови, како оние од краставица, морков или целер. Се смета дека сокот од цвекло ја поправа циркулацијата и ги смирува нервите, а исто така, влијае на здравјето на бубрезите, меурот и црниот дроб. Овој сок помага и во лекувањето на камењата во бубрезите. Кај жените, сокот од цвекло ги ублажува менструалните тегоби и ја лекува анемијата (слабокрвноста). Освен што ги лекува кожните проблеми, сокот од цвекло помага и кај проблемите со тежината.
{loadposition content9}