Есен со шармот на седумдесеттите
Шармот на седумдесеттите се враќа во нова модерна верзија за да ја освои оваа сезона, со свежи бои и елементи како шапки, кожени ракавици, фустани во боја, палта со елегантни линии и здолништа, што можете да ги комбинирате со поло-маички и карирани марами.
Во седумдесеттите, препознатливи беа дамите од високата класа по нивниот едноставен, но елегантен изглед, за разлика од динамичната „андерграунд“ сцена што влијаеше на развивање на поинаков стил, односно глам-рок. Како комплетен контраст, едната сцена нудеше класична облека, додека другата премина во екстремност во силна и светкава шминка, тапирани фризури, високи потпетици, кратки светкави фустани и гласна музика.
Двата стила што ги обележаа седумдесеттите и денес имаат свое влијание во светот на модата. Иако се менуваат во однос на нивната присутност помеѓу пошироките маси, сепак знаете како се вели: „Секој изминат тренд ќе се врати некогаш“. Така, и овој класичен изглед на домаќинките и дамите од седумдесеттите се враќа во полн сјај.
{loadposition content9}