Skip to main content

Јаболкото е поштетно за забите отколку газираните пијалаци

Не го убивајте гласникот (и ние мислевме дека е обратно).

 |   | 
apple
apple
appleЈадењето јаболко ги оштетува забите четири пати повеќе во однос на газираните пијалаци, велат резултатите од новото истражување. Виното и светлото пиво исто така го зголемуваат ризикот од оштетување на забите, а грејпфрутот кој го консумираме многу поретко, не ги оштетува.

Професорот Дејвид Барлет, кој е раководител на стоматолошкиот институт на колеџот „Кинг“ во Лондон и предводник на ова истражување, смета дека не станува збор само за тоа што јадеме, туку како го јадеме. Пијалаците кои имаат ерозивно дејство, особено Кока-колата, не покажале дека се ризични за вашите заби.

„Докторите постојано велат дека јадењето јаболка е многу здраво, но ако ги јадете бавно, високата киселост која ја содржат, може да ви ги нагризе забите. Газираните пијалаци, како Кока-кола, не покажаа негативни резултати за забите. Резултатите потенцираат дека треба да се внимава со консумирањето храна и пијалаци кои содржат висока киселост, а не со газираните пијалаци“.

grapefruitКонсумирањето овошен сок ја зголемува за четири пати веројатноста за оштетување на забната глеѓ околу врвот на забите, близу коренот, а светлото пиво, кое е исто така кисело, ги зголемува шансите за забно оштетување за три пати.

Д-р Гленис Џоунс вели дека никој не треба да се обесхрабри од овие резултати и да престане да консумира овошје или овошни сокови. Таа сугерира да јадете јаболко во комбинација со млеко или парче сирење, бидејќи двете содржат калциум, кој ја неутрализира јаболковата киселина. Пиењето вода веднаш после грицкањето јаболко, е исто така од помош, бидејќи на тој начин „ќе се измијат“ штетните ефекти. Пиењето сок со цевка е уште еден начин за заштита на вашите заби, додава таа. Миењето заби пред да јадете храна која содржи киселини, исто така може да помогне, бидејќи обезбедува бариера помеѓу храната и забите.



{loadposition content9}