Фудбалерите од ФК Охрид бараат оставка од управата
Фудбалерите на Ф.К Охрид проговорија за своите проблеми. На денешната пресс конференција тие ги информираа новинарите за како што кажаа мрачната атмосфера што во клубот ја создаваат неколку луѓе од управата и која трае веќе подолго време.
fk ohrid

„Шест месеци немаме примено плата, ни се должат премии, договори и награда за влез во првата македонска фудбалска лига“, истакна капитенот на клубот, Сашо Ѓорески.
„ Управата на клубот не лажеше секој ден дека ќе ни бидат подмирени сите трошоци а ние како професионалци максимално ги извршуваме зададените задачи, а за возврат остануваме со празни раце. Оставени бевме сами на себе не само на финансиски план туку и не беа способни да ни обезбедат основни услови за тренинг. Ни недостасуваа терени, топки и импрозиравме. Фудбалерите не сакаме да бидиме заложници на неколку луѓе од управата и затоа јавно ги замолуваме да го напуштат клубот и да поднесат оставки, а раководењето со клубот да ни ги препуштат нас на фудбалерите од ФК Охрид. Во една ваква ситуација барем ќе знаеме дека играме за себе, со љубов кон клубот а не за ќеиф на некои луѓе кои не го заслужуваат тоа“, истакна капителот на клубот Сашо Ѓорески.
На пресс конференцијата се обрати и Делчо Максимовски кој како што кажа зборуваше од име на легитимното раководство на ФК Охрид. „Се оставари 23 годишниот сон, влеговме во прва лига. Овие деца без никакви средства извојуваа прволигашки статус, и не е во ред да наместо да тренираат и да продолжат со успеси да ги попречуваме со вакви проблеми“, истакна Максимовски. Тој ги образложи и причините поради кои клубот дошол до ваква ситуација.
„ Дека сме легитимни докажува фактот што сме избрани на легално собрание со сите зацртани прописи. На насилен начин ни беше одземен одземен клубот, без ниту едно правило од Фудбалката федерација за одржување на вонредно собрание, без доволен број на делегати, без да се одржи собрание, без најава на една недела дека ќе се одржи собрание. Од нанога доаѓаа луѓе и незнаеја што потпишуваат“, истакна Максимовски.
Тој истакна дека во оваа ситуација е најдобро за спас на клубот да се формира вонредно раководство, а од моменталната управа да побараат да се предадат сите документи и печати, по што клубот непречено ќе продолжи да работи и да нижи успеси. Ние сме сигурн дека ќе ја добиеме правдата“, додаде Максимовски.
„ Ние како раководство уште пред да ни се случи тој пуч, имавме потпишано на нотар дека доколку се најде спонзор, дека сме подготвени да раководството му го предадеме на спонзорот. Од ова не отстапуваме, туку по завршување на спорот тоа и ќе го направиме. Ние уште како раководство, во разговор со локалната самоуправа имавме догодоворено, тие и ние да партиципираме во клубот. Градската власт беше расположена да му се помогне во клубот“, додаде Максимовски.
Зад фудбалерите, тренерот поточно зад ФК Охрид 2004 комплетно застана и навивачката група Рибари. Претстставникот на навивачите истакна дека и тие како и фудбалерите имаат проблеми со управата на клубот.
„ Тука сме да му дадеме подршка на нашиот клуб, секогаш ќе бидеме со нив“, истакна Дејан Дишлиески, претставник на навивачката група Рибари.
Фудбалерите, навивачите но и Максимовски упатија апел до градоначалникот и советот на општина Охрид но и до сите оние како што кажаа на кои ФК Охрид им значи нешто ако имаат можност на било каков начин да помогнат и да застанат на страната на клубот, со што ќе дадат придонес во нижењето на успесите на Охридскиот прволигаш.
{loadposition content9}