Skip to main content

9 начини да се ослободите од стресот

Повторно ве изнервира нељубезната продавачка, гужвата во автобусот, завидливата колешка или пак љубоморното момче? Ако ситните проблеми се трупаат еден врз друг, а вие постојано сте под стрес сигурно не уживате премногу во сопствената кожа.

 |   | 


Повторно ве изнервира нељубезната продавачка, гужвата во автобусот, завидливата колешка или пак љубоморното момче? Ако ситните проблеми се трупаат еден врз друг, а вие постојано сте под стрес сигурно не уживате премногу во сопствената кожа.

Како на најбрз и најлесен начин да ја повратите насмевката на вашето лице прочитајте во продолжение:

opushtanje

Правилно дишење

Само длабоко вдишете, па издишете. Повторувајте го ова повеќе пати.

Одвојте неколку минути од вашето време и симнете од интернет вежби со водич за да го правите ова правилно.

cokoladaЧоколадо

Веднаш фрлете му се на чоколадото, кое длабоко го сокривте во фиоката.

Какаото го зголемува нивото на neurochemicals во вашето тело, кои ви помагаат да се релаксирате.

Јога
Одберете јога поза! За да ја разбистрите вашата глава, застанете така што нозете ќе ви бидат раширени во колковите, а со задникот ќе бидете потпрени на ѕидот.

Навалете се напред, фатете се за лактите и вашата глава нека виси напред. Притоа дишете длабоко, советува јога инструкторот Kathryn Budig.

Кажете „не“!

Кажете „не“ на сите тие обврски кои навистина не сакате да ги правите.

baknuvanje

Добрина

Правете добро и по автоматизам добивате насмевка на лицето.

Студиите покажаа дека волонтирањето во некоја организација го зголемува нивото на среќа кај луѓето.


Бакнување
Време е за малку акција со усните. Бакнувањето ќе ве релаксира и расположи.

Лаванда

Запалете миризлива свеќа од лаванда. Вдишувањето на мирисот ќе ги намали хемикалиите во вашата крв, кои се поврзани со стресот.

lavanda

Планирајте!

Посветете се на планирање на некое патување, тоа ќе ви го подобри расположението. Слободно можете да пронајдете пријатели преку интернет или пак специјализираните страни да ги искористите за тоа. На тој начин ќе го зголемите нивото на адреналин.

Домашно милениче

Веднаш набавете си маче или пак мало кутре.

Пријателското крзнено пријателче е посмирувачко дури и од музиката или читањето, тврдат 95 проценти од луѓето.

{loadposition content9}