Фудбалерите на Охрид 2004 утре играат за да добијат плата
Откако извршниот директор на клубот поднесе оставка, фудбалерите ја зедоа иднината во свои раце. По повеќе од четири месеци тренирање и играње без да добијат скршен денар, тие конечно ќе добијат дел од неисплатените плати.
| Мишел Наумоски | Спорт
fudbal
Фудбалерите на единствениот охридски претставник во македонската прва лига конечно ќе добијат дел од заостанатите плати. Досегашниот извршен директор на клубот си поднесе оставка како што вели тој „За доброто на клубот кој што сакам да оди напред.“ По неговата оставка, фудбалерите ја зедоа судбината во свои раце и решија да си наплатат дел од долговите кои спрема нив ги има клубот. За таа цел под мотото „Купи билет, навивај за Охрид“ ќе го одиграат утрешниот прволигашки натпревар против кичевски „Напредок“ во рамките на 11то коло од Првата македонска фудбалска лига.
„Ние сами се организиравме во тоа, сами направивме карти. Тие играчи што нема да бидат во комбинација ќе ги продаваат картите и целосниот износ од собраните средства ќе бидат за играчите. Се освен победа за нас ќе биде неуспех.“-вели Христијан Димоски-Фудбалер на ФК Охрид 2004
И покрај тешката финансиска состојба во изминативе 4-5 месеци фудбалерите на ФК Охрид 2004 сепак останаа посветени на својот клуб и напорно тренираа. Запрашани што ги мотивира да станат наутро и да тргнат на тренинг тие едноставно одговараат, тренерот, добрите резултати. Нивниот нов тренер, српскиот стратег Антиќ вели дека мора да се тргне од нула, но за брзо ќе следат и резултатите.
„Мислам дека сме единствен клуб во Македонија во кој 4-5 месеци не се исплатени плати на играчите. Јас им се восхитувам на овие момчиња и правам се што е во мои раце да им исполнам некои услови затоа што да се доаѓа секој ден на тренинг без еден денар во џепот тоа е срамота за македонскиот фудбал, а и за градот Охрид. Треба и луѓето од општината и од градот и сите љубители на спортот и фудбалот во Охрид да застанат зад овие деца.“ –рече Драган Антиќ-Тренер на ФК Охрид 2004
Денешниот тренинг на фудбалерите на Охрид 2004 зачудувачки се одржа на главниот терен, нешто што досега не беше случај поради несогласувањата помеѓу управата на ЈП „Билјанини извори“ и сега веќе екс извршниот директор на клубот. Па кој знае, можеби секој нареден тренинг одсега ќе се одржува на теренот на кој се одигруваат натпреварите на Охрид 2004. Во знак на подршка за нашиот прволигаш, утре во 14 часот, бидете на градскиот стадион и со својот купен билет помогнете да се соберат средствата за плата на вашите омилени фудбалери. Билетите за дербито против кичевски „Напредок“ чинат 100 денари, но љубовта кон клубот е бесценета.
{loadposition content9}