Skip to main content

Животот е како бомбониера

Форест Гамп е најголемиот филмски јунак на сите времиња.

 |   | 
chocolates
chocolates

Според истражувањето спроведено од телевизијата Еј-Би-Си и магазинот „Пипл“, меѓу повеќе од 500 илјади гледачи, го прогласија Форест Гамп, ликот од истоимениот филм кој го игра Том Хенкс за „најголем филмски јунак на сите времиња“.
forrest gump
Хенкс за таа улога во 1995 година доби Оскар за најдобар актер.

Филмот на Роберт Зенекис е според романот на Винстон Грума и го следи растењето на главниот јунак, наивно момче, во текот на 60-тите и 70-тите години од минатиот век и неговото учество во главните настани на тоа време.
Филмот постигна голем успех и заработи повеќе од 800 милиони долари, а познат е по славната реченица на Гамп – „Животот е како бомбониера, никогаш не знаеш што ќе извлечеш“.

hanibalНа второ место е Џемс Бонд, чија популарност трае половина век, а на трето место е Скарлет О’Хара, што ја играше британската актерка Вивиен Ли во епскиот спектакал „Одвеано со виорот“.

На четврто место е серискиот убиец Ханибал Лектор (Ентони Хопкинс), а на петто место Индијана Џонс (Харисон Форд).

Испитаниците биле прашани и за омилениот филм, а првото место му припадна на „Одвеано со виорот“, а следи „Волшебникот од Оз“.

Најпопуларна реплика е од „Одвеано со виорот“, снимен во 1939 година кога Рет Батлер (Кларк Гејбл) и вели на Скарлет – Искрено, драга не ми е гајле (Frankly my dear, I don’t give a damn).


Frankly my dear, I don’t give a damn










{loadposition content9}