Skip to main content

Светската банка ќе и помога на Македонија

„Нашата земја останува ориентирана кон обезбедување на финансиски средства од надвор, пари кои веруваме дека ќе ги добиеме под добри услови, иако пазарот на капитал станува се поризичен. Напорно работевме изминатиов период и тоа со добар партнер а тоа е Светска банка“, вели министрот за финансии Зоран Ставрески.

 |  Татјана Маленкова  | 
Zoran Stavreski
Zoran Stavreski
Zoran Stavreski„Нашата земја останува ориентирана кон обезбедување на финансиски средства од надвор, пари кои веруваме дека ќе ги добиеме под добри услови, иако пазарот на капитал станува се поризичен. Напорно работевме изминатиов период и тоа со добар партнер а тоа е Светска банка“, вели министрот за финансии Зоран Ставрески.

„ Очекувам до крајот на годинава да ги обезбедиме средствата се работи за 130 милиони евра кои со помош на светска банка ќе бидат обезбедени под најдобри можени услови“, вели министерот за финасии Ставрески.

Во однос на  пазарот на хартии од вредност вице премирот додава дека политиката на нашата земја е да понудиме краткорочни и долгорочни хартии од вредност со цел да се пресретнат очекувањата и побарувачката на разни типови на субјекти“.

„ До крајот на годинава планираме и долгорочни хартии од вредност, а ќе има уште една аукција на крајот од годинава која ќе биде за пет годишни хартии од вредност, за што имаме понуда и очекување од пензиските фондови, но и од некои банки дека се заинтересирани и верувам дека успешно ќе се реализира“, додава Ставрески.

Она што се случува во Европа се одразува и на македонската економија, но горди сме што макроекономските показатели на Македонија, се подобри отколку во било која земја во регионот, додава Ставрески.

charsija-gragani„Мора да сме објективни и да кажеме дека макроекономските показатели на Македонија се подобри отколку било која земја во регионот не само во поглед на економскиот раст во првите шест месеци од оваа година, туку и нивото на задолженост затоа што сме една од земјите со најниско ниво на долг што е најбитно во денешни услови од аспект на буџетскиот дефицит каде имаме целосна контрола и едно ниско ниво на буџетски дефицит. Ние можеме да го направиме она што е во наши ингеренции и да очекуваме европа да си ги среди своите редови и да очекуваме Европа да го среди долгот во одделени држави и на неконкурентноста на одредени периферни економии“, вели министрот.

Министрот додаде дека во тек е изработката на буџетот за 2012, во кој што состав се проекциите и за бруто домашниот производ. Ставрески не сакаше предвреме да говори за процентот на раст на БДП, истакнувајќи дека за тие податоци треба да се сочекаат финалните проекции, кои во консултации со институциите ќе го дадат макроекономскиот раст и вкупното ниво на буџетот.



{loadposition content9}