Роси: „Го убив својот најдобар пријател“
Мотоспортот се уште не може да се закрепне од трагичната смрт на Марко Симончели, кој вчера наутро загина на патеката „Сепанг“. Шесткратниот светски првак во Мото ГП, Валентино Роси најави повлекување од спортот откако директно беше вмешан во несреќата и смртта на младиот 24-годишен мотоциклист. „Го убив својот најдобар пријател. Повеќе нема да се натпреварувам“, му најавил Роси на својот тимски менаџер. Едвардс и Роси го прегазија Симончели на вчерашната трка за Големата награда на Малезија откако младиот Италијанец падна од моторциклот.
Експертите велат дека Едвардс и Роси во никој случај не можеле да го избегнат Симончели, бидејќи во свиокот влегле со огромна брзина. Фатален за Италијанецот бил падот на Едвардс, чиј моторцикл со предното тркало поминал врз главата и вратот на Симончели.
Италијанецот важеше за еден од возачите, кои најмногу ризикува и затоа не беше најомилениот лик помеѓу неговите колеги. Често и оваа сезона дел од возачите знаеја да упатат остри критики кон Симончели за неговиот стил на возење, кој ги доведувал во опасност сите на патеката. Сепак никој не може да ја заборави неговата уникатна фризура и широка насмевка. Дали изјавата на Роси е само поради наливот на емоции или еден од најдобрите возачи на сите времиња навистина ќе се повлече од спортот останува да видиме.
{loadposition content9}