Парфем во пилула
Парфем што можете да го голтнете се појави на пазарот на козметичките производи од фирмата „Свалоубл парфјум“ (Swallowable parfum). Тие создале пилула, поточно капсула, што кога ќе ја проголтате ѝ овозможува на вашата кожа да испушта генетски уникатен мирис според нашиот карактер и однесување. Кога пилулата ќе се апсорбира во нашето тело, во кожата се случува процес преку кој се врзуваат соодветни атоми што функционираат како втора кожа и ја редефинираат улогата на кожата.
Молекулите од парфемот се испуштаат од површината на кожата која дише и оставаат мали капки на површината со уникатен мирис. Потентноста на мирисот зависи од секоја индивидуа, односно од карактерот и моменталната состојба во која се наоѓа, на пример личноста е смирена или под стрес, дали вежба или мирува или е во просторија во која е топло или ладно или, пак, е сексуално возбудена или не.
{loadposition content9}