Најдепресивниот ден во годината е денеска
Најдепресивниот ден во годината е токму денес, првиот работен ден по преоѓањето од летно на зимско сметање на времето. Почетокот на работната недела, студеното време, поместувањето на стрелките на часовникот и промената на биоритамот ќе направат луѓето да се чувствуваат незадоволни, мрзливи, без желба да станат од кревет, а и на работа ќе бидат помалку продуктивни.
СЗО, многубројните истражувања, психолозите и лекарите се сложуваат дека овој „тажен “ понеделник ќе ја понесе титулата на најдепресивен ден во годината. Стручњаците укажуваат на тоа дека луѓето оваа недела, по поместувањето на часовникот, ќе бидат незадоволни и со променливо расположение.
Светската здравствена организација на оваа „болест“ дури и даде и официјално име –сезонско афективно нарушување.
Оваа недела, вработените ќе ги извршуваат своите обврски помалку ефикасно, бидејќи им е тешко да се навикнат на раните ноќи, имаат недостиг на енергија, а со тоа и помала мотивација. Повеќето работници истакнуваат дека се чувстувааат тажно, а над 10 отсто од нив, овој понеделник, отсуствуваат од работа поради болест.
Причина за незадоволството и нерасположението е промената на биоритамот, луѓето не се навикнати на тој дневен режим, бидејќи легнуваат по старата навика, а стануваат според новата навика. Тоа не е депресија, туку некој вид на зголемена анксиозност и незадоволство. Потребно им се околу 10 дена за да се навикнат на новиот ритам и да ги втемелат своите навики. Со нарушувањето на биоритамот, се нарушуваат и хормоните и вегетативниот нервен систем., истакнуваат психотерапевтите. Тие додаваат дека во овој период, луѓето не би требало да се изложуваат на екстремни физички и психички напори, додека почувствителните треба посебно да се чуваат.
Психолозите причината за оваа состојба во годината ја гледаат во поклопувањето на неколку фактори кои луѓето ги прават несреќни. Понеделник е обично најдепресивниот ден во неделата, бидејќи почнува работната седмица. Овој понеделник е особено таков, бидејќи се поместува и времето. Ноќите стануваат се подолги, а деновите се пократки и веќе околу 16-17 часот, паѓа мрак. Тоа влијае на луѓето, бидејќи знаат дека ги очекува тмурно есенско-зимско време. На здравите луѓе нема да им биде потребно многу време за да се вратат во нормала, но за оние кои се подепресивни, метеоропатите и невротичните, секоја промена им влијание на расположението, објаснуваат психијатрите.
{loadposition content9}