Skip to main content

Јадете помалку и ќе го забавите стареењето

Заборавете на затегнувањето на лицето, магичните третмани и ботоксот, бидејќи ако сакате да го забавите процесот на стареење треба само да јадете помалку – предлагаат научниците од Универзитетот Готенбург.

 |   | 
torta
torta

tortaЗаборавете на затегнувањето на лицето, магичните третмани и ботоксот, бидејќи ако сакате да го забавите процесот на стареење треба само да јадете помалку – предлагаат научниците од Универзитетот Готенбург.

Тие откриле дека намалениот број на калории може да помогне во подолгото одржување на младоликоста, но и при превенција на некои старосни болести, како што се сенилноста, ракот и дијабетесот тип 2. Намалениот внес на калории помага при зголемувањето на нивото на ензимот Prx1 (peroxiredoxin) кој ги забавува ефектите на стареењето.

Формулата против стареење е едноставна – помалку внесувајте шеќери и белковини и одржувајте здрав внес на витамини и минерали, тврдат шведските научници.

Научниците сметаат дека Prx1 би можел да биде поврзан и со појавата на Алцхајмерова и Паркинсонова болест.
botox
„Овој ензим е исклучително важен во сузбивањето на штетата на нашиот генетски материјал, а поврзан е со тоа колку калории трошиме“ – заклучува водителот на истражувањето, Микаел Молин.

{loadposition content9}