Охридски комуналец со полна агенда го одбележа Денот на Ослободувањето

„Активностите ги започнавме со крводарителската акција. Сега не е време за празнувања, затоа ние се обидовме да бидиме хумани и со овие 13 единици на крв, се надеваме дека искажавме барем малку хуманост, а ветуваме дека и понатака ќе правиме вакви акции.“-вели директорот на ЈП „Охридски комуналец“-Сашо Алче
Како дел од активностите кои „Охридски комуналец ги спроведе беше и презентацијата на новата опрема и машини од комуналната сфера. За потребите на градот од страна на вработените беа направени две подвижни колички за одржување на хигиената во градов, а беше набавена и една машина за чистење снег.
„Во тек е набавка на три слични машини. Ова се машини кои ќе служат за чистење на снег, воглавно по тротоарите. Капацитетот им е некаде три до четири километри чистење на час и тоа ќе е доволно за потребите на ЈП „Охридски комуналец“ пред се поради тоа што преку интернет ги следиме временските прилики и доколку се интервенира на време потребите на градот ќе бидат задоволени во секој случај.“-додава Алче.
Во рамките на административните простории на претпријатието, по повод патронот на „Охридски комуналец“, градоначалникот Петрески на најверните вработени им врачи парични награди за 10, 20 и 30 години лојалност кон „Охридски комуналец“ и кон град Охрид. Покрај овие активности, беше посетено и новото хортикултурно решение на кружниот тек од улицата „Момчило Јорданоски“ за кое Алче вели дека и покрај тоа што таму нема систем за наводнување, хортикултурните садници од наше производство нема да има потреба многу да се одржуваат бидејќи се отпорни на суша.
{loadposition content9}