Андреј Пејиќ – трендсетер/ка на годината
Машкиот модел Андреј Пејиќ добил ласкаво признание за “личност со стил”.
Списанието “Out” го прогласило манекенот Андреј Пејиќ за трендсетер на годината.
Машкиот модел Андреј Пејиќ добил ласкаво признание за “личност со стил”. Во тоа сигурно придонел и неговиот избор на облека по повод средбата со Кралицата Елизабета, каде бил во комбинација на кратко здолниште, и чевли со високи потпетици.
Во таа прилика изјавил дека сака да изгледа како Шарон Стоун во 90-те години на минатиот век.
Во интервју за списанието “Out”, Пејиќ признал дека машките модели зад сцената често го штипкаат, дури и тие што се хетеросексуалци.
– Поголемиот дел од машките модели имаат девојки, но зад сцената, кога никој не гледа, сакаат да ме штипкаат, изјавил Андреј.
{loadposition content9}