”Go Greek for a week”
Во период кога Грците се обидуваат да го спречат економскиот и политички колапс на својата земја, Британците ја искористуваат нивната мака како инспирација за реално шоу, “Go Greek for a week”. Во најавата на емисијата, телевизијата Channel 4 открива дека 3-ца британски даночни обврзници 7 дена ќе уживаат во даночните, пензиските и работните привилегии на Грците, кои ја турнаа земјата во криза.
“54-годишен фризер од Британија ќе се израдува кога ќе сфати дека Грците од неговата и од уште 600 други професии можат да се пензионираат на 53 години и да добиваат 90% од последната плата”, пишува на веб страната на телевизијата. Продуцентите велат дека исто задоволство ќе има и возачот на автобус, откако ќе открие дека ќе прима плата дупло поголема од националниот просек и дека може да смета на бонуси за доаѓање на време и за преглед на возните билети.
{loadposition content9}