Tailand
Иронија на животот. Тајланѓаните кои со недели се борат со катастрофалните поплави вчера го прославија традиционалниот празник на полната месечина кој означува крај на сезоната на дождови и почеток на сушата.
Годинава празникот се прославува во услови кога една третина од земјата е под вода, а над 500 луѓе ги загубија животите. Сепак пораката што се испраќа преку свеќите поставени на листови од банана – водата да го однесе злото, може да се искористи и за сегашната ситуација.

{loadposition content9}