Тепачка меѓу средношколци
Некаде околу 13 часот и 55 минути на ул Маршал Тито во Струга се случила тепачка помеѓу 14 средношколци од Струга и Охрид. Дел од нив се приведени.
svr
Се степаа стружани и охриѓани. Денеска нешто после пладне околу 14 часот две групи на деца предизвикале тепачка. Во неа учествувале 14 деца од охридското средно училиште ЕМУЦ и неколку од сртушката гимназија Ибраим Темо. Настанот се случил на ул Маршал Тито во близина на ресторанот Т’га за Југ. Нарушувањето на јавниот ред и мир потврден е и од страна на СВР Охрид. Портпаролот Стефан Димоски вели дека дел од учесниците се приведени во полициска станица и се врши распит заради утврдување на сите аспекти поради кои дошло до тепачката. После тоа ќе излезат и со детали за настанот.
{loadposition content9}