Skip to main content

Како настана песната “Someone like you“

Во неодамнешното интервју за магазинот “Glamour“ пејачката Адел открила и кога и како  го напишала нејзиниот најголем хит, кој веќе со месеци не се симнува од врвот на топ – листите.

 |   | 
Adele
Адел

Веќе сите знаат дека мега популарната пејачка Adele тагува по своето поранешно момче и дека нејзините тажни балади беа создадени веднаш по раскинувањето на нивната врска. Сепак, во неодамнешното интервју за магазинот “Glamour“ пејачката открила и кога го напишала нејзиниот најголем хит, кој веќе со месеци не се симнува од врвот на топ – листите.

Adele

“Песната ја напишав кога бев многу настината и седев на мојот кревет, чекајќи да ми се наполни кадата со вода. Во тој момент некој ми напиша порака дека моето поранешно момче штотуку се свршило! Веќе го преболев, но си помислив: Зарем му е толку лесно да ме замени туку така?! Тој никогаш не сакаше да биде со мене. Секогаш говореше: Дури и да останеме заедно, јас не планирам да се оженам. А веднаш потоа, така лесно се сврши со друга девојка. Мислев дека тоа е крај на светот и дека ќе останам засекогаш да седам во мрачната соба додека не ме изеде кучето“, изјавила огорчено Adele.

AdeleИсто така таа признала дека и било многу тешко да ги пее песните за некој со кој веќе одамна прекинала, и дека тоа само и го влошувало процесот на “закрепнување“.

“Моите песни делуваат како терапија за моето срце. Но сепак, понекогаш сум многу тажна, па знаат да се случат навистина срамни сцени. На концертот во Бирмингем ја пеев песната “Make you feel my love“ и “Someone like you“ и се расплакав пред публиката!“.

По оваа тажна приказна, новинарката од магазинот “Glamour“ се обидела да ја развесели велејќи и: “Да, но сепак ти си таа која последна се смее!“, на што Adele само цинично одговорила: “И не баш. Тој се ожени, а јас сум се уште сама“.




{loadposition content9}