Skip to main content

Кралски извор: „Кејт овој пат е навистина бремена“

Само десет дена откако почна да се шушка дека Кејт Мидлтон е бремена само затоа што одбила да проба тестенини со путер од кикиритки, според магазинот „Ин тач“, се појави релевантен извор, близок до кралското семејство, кој ја „поткрепува“ таа претпоставка.

 |   | 
Kejt

Дали овој пат е навистина бремена? Тие велат да, и додаваат дека е во шестата недела од бременоста. Изворот открил дека, наводно, кралскиот пар веќе размислува за машко и за женско име за бебето, иако и двајцата навиваат за женско, а особено Вилијам.

Kejt

Се зборува дека Кејт и Вилијам веќе подготвуваат три соби за бебето, од кои една ќе биде дел од палатата Кесингтон, друга во нивниот дом во Велс и третата во Нотингам Котиџ. Дали е ова уште еден лажен аларм или конечно е вистина? Од магазинот тврдат дека последните информации ги добиле од истиот извор кој претходно открил и други „кралски тајни“, меѓу кои локацијата за меден месец, свадбениот подарок од Кралицата за Кејт и сл., па се очекува да се покаже како релевантен и овој пат.

{loadposition content9}