Skip to main content

Чешката полиција откри деца кои никогаш не излегле од дома

Чешката полиција во центарот на Прага откри деца кои никогаш не излегле од дома. Приказната за тригодишното момче и едно и полгодишното девојче, кои се родени во домашни услови и не знаат како изгледа надворешниот свет, ја објави чешкиот весник „Млада фронта днес“.

 |   | 
dete pokraj prozor
dete pokraj prozor

dete pokraj prozorЧешката полиција во центарот на Прага откри деца кои никогаш не излегле од дома. Приказната за тригодишното момче и едно и полгодишното девојче, кои се родени во домашни услови и не знаат како изгледа надворешниот свет, ја објави чешкиот весник „Млада фронта днес“.

Децата немаат изводи на родени и иако биле добро хранети, биле психички депримирани и реагирале со изненадување на играчки.

Родителите на децата го криеле нивното раѓање и ги чувале затворени сметајќи дека така ќе ги заштитат од негативните влијанија на надворешниот свет. Полицијата информираше дека во моментот децата се кај нивните баба и дедо, а нивните родители, приврзаници на алтернативниот начин на живот го изгубиле интересот за децата, „бидејќи се допрени од некој друг“. Нема сознанија дали родителите кривично ќе одговараат.

{loadposition content9}