Skip to main content

Најдолгата божиќна торта за Гинис

Утрово Кинезите ја направија најдолгата торта во светот. Со должина од 1.068 метри, тортата поминува низ две лобија и преку две скали во шангајскиот хотел, за да стигне право во Гинисовата книга на рекорди.

 |   | 
torta za ginis

Правењето на тортата се одвиваше во хотелот Пудонг Шангри-Ла во Шангај каде 80 кувари, 24 часа макотрпно работеа на 1.068 метри долгата божиќна торта. Во подготвувањето на тортата биле употребени 526 килограми свеж крем, 333 килограми чоколадо, 169 килограми шеќер, 752 органски јајца и 869 килограми пченично брашно, пренесува Shanghai Daily.
torta za ginis
Оваа торта ги победи претходните Гинисовци, кои пред точно една година, на 1-ви декември 2010-та ја направија тортата долга 207,8 метри во Париз.  Кинезите го срушија нивниот рекорд  со околу 800 метри.

Тортата до пладне била веќе распродадена, по цена од 0,30 центи по сантиметар, а сите собрани средства ќе одат во хуманитарни цели.

torta za ginis

{loadposition content9}