Тетрапак сокови со арсен
Во 10 проценти сокови од јаболко и грозје можат да се пронајдат траги од познатиот отров – арсен потврди американската Агенција за безбедност на храна и лекови. Тестирајќи ги различните видови сокови во пет примероци на познати производители, пронајдена е висока доза на арсен што може да доведе до сериозни заболувања ако се консумираат подолг период.
Овие сокови содржат ниво на арсен кое е доволно да го зголеми ризикот од рак, дијабетес и болести на срцето, особено кај малите деца. Со оглед на тоа дека ниту американските ниту европските закони немаат стандард за дозволена количина на арсен во соковите, новите резултати ги поттикнале синдикатите на потрошувачите да ги донесат.
Арсенот е природен елемент кој најчесто ги загадува подземните води и почвата а преку нив доспева до одгледуваните јаболка кои подоцна се преработуваат во сокови.
{loadposition content9}