Skip to main content

Судбински самит

Во Брисел денеска почнува дводневниот самит на Европската унија за кој се смета дека е од клучно значење за спречување на должничката криза, која го загрозува опстанокот на еврозоната.

 |   | 
eu summit
eu summit

Се очекува на самитот да биде донесена одлука за измена на спогодбата меѓу членките, со што би се продлабочила економската интеграција и би се зајакнала буџетската дисциплина.

На стабилизацијата ќе влијае и новиот договор, кој го предлагаат Франција и Германија за формирање на зона на безбедност, која ќе спречи нова криза, изјави минситерот за европски интереси на Франција, Жан Леонети.

Франција бара таа спогодба да ја прифатат сите 27 земји-членки на ЕУ, но не е исклучена можноста таа да биде потпишана само од 17-те членки на еврозоната.

Претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј меѓутоа смета дека спасувањето на еврото е можно и без нова спогодба на ЕУ.

Ромпуј меѓутоа признава дека поради долгорочните планови би морало да биде променета спогодбата на ЕУ, а таквите мерки би резултирале со изолација на некои земји надвор од еврозоната, како Велика Британија.

Претседателот на ЕУ ќе ги повика лидерите од Унијата да постигнат спогодба за емитување на еврообврзници, се наведува во нацрт-документот, кој ќе биде претставен на самитот.

{loadposition content9}