Skip to main content

Норвежаните се најсреќни, Македонците на 76-то место од 110 земји

Според истражувањето на британскиот институт „Legatum“ за просперитетот и квалитетот на живот во 110 земји во светот, граѓаните се најсреќни во Норвешка, а животот е најлош во Централно Африканската Република. Македонија според квалитетот на живот се наоѓа на 76. место во групата.

 |   | 
legatum prosperity index
legatum prosperity index

legatum prosperity indexСпоред истражувањето на британскиот институт „Legatum“ за просперитетот и квалитетот на живот во 110 земји во светот, граѓаните се најсреќни во Норвешка, а животот е најлош во Централно Африканската Република. Македонија според квалитетот на живот се наоѓа на 76. место во групата.

Според „Legatum“, во Македонија 62 отсто од граѓаните чувствуваат лична сигурност, а само 9 отсто од луѓето имаат доверба во другите луѓе. Тројца од четворица Македонци изјавиле дека се задоволни од природните убавини на својата земја.

Спред здравствената состојба на нацијата рангирани сме на 44-то место. Просечната должина на животниот век на македонците изнесува 66 години што е повисоко од просекот на светско ниво. 83% од жителите се задоволни со својата здравствена состојба.

Сите што ги интересираат детали ќе ги пронајдат тука.

{loadposition content9}