Само со три минути вежбање неделно се заштитувате од дијабетес
Една минута вежбање на ден го намалува ризикот од дијабетес, открива студија на Универзитето Бат. А вежбањето три пати неделно е одлична превенција од дијабетес тип 2, утврдила студијата.
Функцијата на инсулинот се подобрува за околу 28% кај испитаниците кои три пати неделно по 20 секунди вежбале на статичен точак, потврдува истражувањето. Редовното вежбање го намалува нивото на шеќер во крвта, а речиси 66% од луѓето поради забрзан и стресен начин на живот не вежбаат.
– Мускулите го храната шеќерот односно гликогенот кој се користи за вежбање. Со цел да се надомести потрошениот шеќер после вежбањето, телото го зима од крвта. Кај неактивните луѓе мускулите едноставно немаат потреба за тоа што предизвикува ослабување на осетливоста на инсулин, зголемување на нивото на шеќер во крвта и на крај дијабетес тип 2 – истакнува за Daily Mail, др.Нилс Волард.
Иако овие вежби не се наменети за слабеење, тие сепак го подобруваат здравјето.
Дијабетес тип 2 се развива кога нивото на шеќер во крвта е многу високо поради намалување на функцијата на инсулинот. И често седечкиот начин на живот предизвикува проблеми со бубрезите, црниот дроб и очите.
{loadposition content9}