Македонците работат два часа дневно, исто толку време трошат и на јадење
Eден Македонец, на возраст од 20 до 74 години, во просек поминува два часа и 18 минути работејки, а скоро толку време троши и на конзумирање на храна и пијалоци, стои во податоците на државната статистика.
| | Македонија
hard work
Еден Македонец, на возраст од 20 до 74 години, во просек поминува два часа и 18 минути работејки, а скоро толку време троши и на конзумирање на храна и пијалоци, стои во податоците на државната статистика.
Скоро 35 отсто од деноноќието, во просек еден Македонец, го поминува спиејќи, додека за слободни активности, кои се надвор од работните обврски, троши над два часа.
Македонците може да бидат рамо до рамо со голем дел од развиените земји, бидејќи статистиката вели дека 81,9 отсто од семејствата имаат најмалку еден мобилен телефон, што е близу до светските стандарди.
Не само помладите туку и повозрасните, најголемиот дел од своето слободно време го поминуваат пред компјутер, а како доказ за тоа е дека 47 отсто од домаќинствата имаат слободен пристат до интернет во нивните домови.

{loadposition content9}