Булеварот „Јане Сандански“ затворен за сообраќај
Причина, приклучување на новоизградениот станбен комплекс, кој се наоѓа во близина на булеварот, на градскиот канализационен систем, како и санирање на проблемот со атмосферските води на овој потег, информираат од ЈП „Нискоградба“.
turisticka
Дел од Булеварот „Јане Сандански“ денес затворен за сообраќај. Хусеин Ќато, раководителот на секторот за изградба, одржување и реконструкција на канализациони системи во Јавното Претпријатие „Нискоградба“ од Охрид, во телефонски разговор не информира дека причина за затворање на дел од оваа сообраќајница е еден малку поголем хидро-технички зафат. Имено, станува збор за приклучување на новоизградениот станбен комплекс лоциран во близина на булеварот, на градскиот канализационен систем, како и санирање на постоечкиот проблем со атмосферските води на овој потег, објаснува Ќато. Од „Нискоградба“ се надеваат дека ќе успеат работите да ги завршат до крајот на денот, а просторот каде зафатот се изведува, да го тампонираат. Додаваат дека во текот на утрешниот ден истиот ќе биде покриен и со бехатон плочки. Инаку, за сообраќај е затворен потегот, од булеварот туристичка кај Макси Де маркетот, па се до пресекот со улица Галичица.
{loadposition content9}
{loadposition content9}