Жената столб за успешен бизнис
Промоција на брошурата, женско претптиемништво. Пограничната соработка помеѓу двата града Струга и Поградец на полето на туризмот, на дело го покажа сработеното. На повидок можности за првите договори на соработка, на полето на туризмот, за бизниси кои ги предводат жените.
бизнисменка
Фирмите кои ги предводат жените од пограничната област на Р. Македонија и Р,Албанија, ставени на ДВД. 40 фирми од Струга и Поградец, со кои директоруваат жените претприемачки, веќе си го најдоа своето место за понатамошна промоција. Глигор Михајловски, од Македонската развојна фондација за претпријатија, вели дека на ДВД – то застапени се бизнисите на сите претприемечки, кои до нив ги доставиле основните податоци за дејноста која ја вршат. Тој кажа дека ова е само успешен почеток на проектот за промоција на женско претприемништво кое се спроведува во рамките на една погранична зона.
Погранична соработка помеѓу двата соседни града Струга и Поградец веќе има остварено и Локалната агенција за развој на Струга. Јасмина Попоска се пофали дека имаат конкретни резултати на полето на промоција на локалните бизниси од програмата за прекугранична соработка, како и од работата на зајакнување на претприемнички и лични вештини кај невработени жени во регионот на Струга и Поградец. Досега од 15 те промовирани бизниси се склучиле 4 договори за вработување на невработени жени, додава таа.
Во проектот на промоција на женско претприемништво, вклучена е и една од ретките уметнички која од златни и сребрени жици изработува филигран, Викторија Симакоска од Струга. Таа очекува дека во иднина соработката со жените претприемачки од Албанија ќе произлезе плодна соработка.
Од Македонската развојна фондација за претпријатија, кои проектот за промоција на жени претприемачи го спроведуваат заедно со Центарот за управување со промени и конфликти, Партнерс Албанија, велат дека првата економска соработка, веќе е остварена. Од таму голема благодарност упатија кон Владислав Жупан претставникот на Локалната од Струга, кој несебично се ангажирал за да се удрат темелите на пограничната соработка, поточно човекот кој ги направил првите чекори за средба помеѓу македонските и албанските бизнисменки на двата соседни града Струга и Поградец.
{loadposition content9}