Skip to main content

Перо Антиќ спортист на годината за 2011-та

Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација Перо Антиќ е прогласен за најдобар спортист за 2011 година.

 |   | 
pero antic
Pero Antic
Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација Перо Антиќ е прогласен за најдобар спортист за 2011 година.

Антиќ беше лидер на репрезентацијата на Европското првенство во Литванија, каде Македонија го освои четвртото место.
sportist na godinata
Во женска конкуренција по трет пат Спортскиот оскар го доби каратистката Наташа Илиевска.

Во изборот на Агенцијата за млади и спорт и Сојузот на спортови, очекувано за најпопуларен спортист беше прогласен Лестер Бо Мекејлеб, најуспешен македонски спортист во странство Кире Лазаров, а најуспешна спортска федерација е кошаркарската.

Најдобар селектор секако е Марин Докузовски, а кошаркарската репрезентација го доби признанието во машка, а ракометната селекција во женска конкуренција.

Лауреати за 2011:

pero anticСпортист на годината: Перо Антиќ (кошарка)

Спортистка на годината: Наташа Илиевска (карате)

Најуспешен македонски спортист во странство: Кире Лазаров (ракомет)

Најпопуларен спортист за 2011 година: Лестер Бо Мекејлеб (кошарка)

Најуспешна спортска федерација: Македонска Кошаркарска Федерација

Најуспешен селектор: Марин Докузовски (кошарка)

Најуспешна машка репрезентација: Кошаркарска репрезентација

Најуспешна женска репрезентација: Ракометна репрезентација

Животно дело: Професор Милош Вучидолов

Млад спортист на годината: Давид Бабунски (фудбал)

Млада спортистка на годината: Моника Стефановска (карате)

Најуспешен спортист со инвалидитет: Андреј Стојановски (пливање)

Најуспешна екипа од универзитетите: Ватерполо репрезентација

Најуспешен спортски клуб во средните училишта: “Методи Митевски – Брицо” – Скопје

Најуспешен спортски клуб во основните училишта: ОУ “Елпида Караманди” – Битола

{loadposition content9}