Двајца кумановци се „заиграле“ на Facebook и добиле кривични пријави
Чисто информативно, колку да знаете што смее а што не смее на фејсбук.
| | Сцена & Муабети
Двајца кумановци заработија кривични пријави затоа што креирале лажни профили на “Фејсбук“.
Четириесет и четиригодишен кумановец во текот на минатата година без согласност на неговата поранешна сопруга користел нејзини лични податоци и на социјалната мрежа “Фејсбук“ креирал лажен профил преку кој објавил нејзини фотографии и коментари со навредлива и вулгарна содржина, а во повеќе наврати во нејзино име остварувал и контакти со други корисници на мрежата.
Кривична пријава заработи и негов помлад сограѓанин кој, исто така, лани без согласност и знаење на неговата врсничка Ј.К. (21) креирал лажни профили со нејзиното име и објавил повеќе фотографии и коментари, а остварувал и контакти со други корисници на мрежата.
{loadposition content9}