Skip to main content

Никсон бил геј, пијаница, лажго, расист и ја тепал сопругата

Поранешниот американски претседател Ричард Никсон бил хомосексуалец, пијаница, лажго, расист и ја тепал својата сопруга, открива еден американски новинар во најновата биографија за Никсон.

 |   | 
Nixon
Nixon
Новата биографија на Ричард Никсон изнесува шокантни сознанија за 37. американски претседател кој, благодарение првенствено на аферата “Вотергејт“, остана запаметен како “највалкан“ претседател во американската историја.
Nixon so semejstvoto
Во својата книга “Најмрачните тајни на Никсон“, новинарот Дон Фулсом, кој низ годините ги следел збиднувањата во Вашингтон, открива дека, освен што бил расист, лажго и манипулатор, Никсон имал и големи проблеми со алкохолот и насилството. Тој тврди дека овој поранешен претседател ја тепал сопругата Пат Никсон, жената која никогаш не ја сакал и со која се оженил исклучиво за да ја сокрие својата хомосексуалност.

Во својата книга Фулсом се повикува на неодамна откриени документи, како и на разговори со очевидци, вклучувајќи и агенти на ФБИ, кои сугерират дека бракот на Никсон служел само како параван.

Ричард и Пат спиеле во одвоени соби и немале ништо заедничко освен официјални фотографии. Пат изгледа многу страдала во тој брак, забележува Фулсом. Блиски луѓе на претседателскиот пар, кој во Белата куќа беше од 1968 до 1974 година, наведуваат дека Никсон, кога ќе се напиел, имал обичај грубо да ја навредува својата сопруга, па дури и да ја тепа.

Книгата открива дека Никсон одржувал блиски врски со мафијата, особено со Карлос Марчело, тогашен мафијашки кум и еден од најмоќните американски гангстери.

Во биографијата, како што пренесува “Дејли мејл“, многу страници се посветени на наводната љубовна врска меѓу американскиот претседател и неговиот најдобар пријател и советник Чарлс Ребозо, познат под прекарот “Бебе“, американски бизнисмен со кубанско потекло кој “перел“ пари за мафијашките кланови од Мајами.
Rebozo i Nixon
Никсон и Ребозо биле неразделни, тврдат многумина кои ги познавале, наведувајќи дека често пати биле затекнати како се држат за раце под масата на разни приеми или како се прегрнуваат во претседателскиот авион. Кога биле пијани, уште потешко ја криеле својата идила. Никсон го запознал Ребозо во 1950 година, откако станал сенатор и набрзо станале блиски пријатели. Наводно, Ребозо му ги бирал алиштата на Никсон за неговите јанви настапи.Фулсом наведува дека не е можно Никсон да не знаел за мафијашките врски на Ребозо.

Поврзаноста на блискиот пријател на претседателот со мафијашките кругови наводно во текот на седумдесеттите години се обидел да ја истражи еден њујоршки весник, кој тогаш се нашол под надзор на тајните служби.

Единствениот американски претседател кој поднел оставка, Ричард Никсон, почина во 1994 година, дваесет години откако се повлече од функцијата заради аферата “Вотергејт“. Неговата сопруга Пат почина една година подоцна.

{loadposition content9}