Човекот што си го продаде животот
Британецот Џорди Јан Ашер, кој живее во Панама, ги освои веснците во 2008 година откако на интернет постави оглас со кој ја продава целата негова сопственост, вклучувајќи ја куќата, колата, работата, па дури и пријателите, по разводот со сопругата. Правата за неговата неверојатна приказна ги купила филмската компанија Дизни.
“На Дизни им се допадна приказната поради оригиналната причина зошто го сторив тоа – мојата желба да се ослободам од целото минато и да се преселам на ново и подобро место”, рекол Ашер. “Моето решение да го сторам тоа јавно е веројатно главната причина за изборот на Дизни”.
По потекло од Британија, Ашер емигрирал во Австралија во 2002 година, но го објавил на продажба својот живот во март 2008 година откако му се распаднал бракот. Тогаш тој почнал со проектот наречен “100 недели, 100 цели”, коj го вклучувал и планот да собере 30.000 евра за хуманитарна организација за рак на дебелите црева, во сеќавање на неговиот покоен татко.
Меѓу некои од целите кои до сега успеал да ги исполни се вбројуваат банџи-скокови во Франција, нуркање во Италија и тепање со домати во Шпанија. Покрај тоа, успеал да ја најде и новата љубов во прегратката на канаѓанката Мо. Неовата книга “Продаден живот” се уште хит, додека неговиот остров во близина на Панама, кој тој го купил за околу 35.000 евра, е наречен Исла Гилиглан. Тој, со дел од парите кои ќе ги добие од продажбата на филмските права, планира да го претвори островот во самоодржливо рајско прибежиште.
“Горд сум што сум направил нешто кое е доволно интересно за да се претвори во филм. Горд сум и почестен сум што стигнав до тука”, рекол тој.
{loadposition content9}