Skip to main content

Fox News ја избриша Македонија

Американската ТВ станица Fox News во вестите во вторникот објави неточна слика од Европа на која Бугарија беше ставена на просторот од некогашната СФРЈ.

 |   | 
karta Fox News
karta Fox News
Американската ТВ станица Fox News во вестите во вторникот објави неточна слика од Европа на која Бугарија беше ставена на просторот од некогашната СФРЈ.
karta Fox News
Тоа не беше единствена грешка на познатата ТВ станица, со оглед на тоа дека името на Србија беше впишано на територијата на денешна Унгарија и спрема мапата на телевизијата нашиот северен сосед ги завзема териториите и на Австрија, Словачка и Чешка.

На мапата на Европа прикажана во текот на вестите во кои главен фокус беше ставен на изборите во Ајова за републикански кандидат за претседател на САД, не само што беа помешани имињата, туку беше поставена стара карта со оглед на тоа што небеше регистриран распадот на СФРЈ, па на сите 255.804 квадратни километри според мапата се простира Бугарија.

Имено, прикажувајќи ја југоисточна Европа, Хрватска, БиХ, Словенија, Црна Гора и Македонија се потполно избришани, а на нивно место е претставена држава која изгледа како поранешна СФРЈ, но се вика Бугарија.

Интересно е што ова не е прв пат американските медиуми да погрешат со мапата на Европа. Познавањето на географијата никогаш не им била силна страна на Американците.

{loadposition content9}