Збогум за г-ѓа М
Додека светот нестрпливо ја очекува премиерата на новиот филм за супер агентот Џемс Бонд со наслов Небото паѓа, од таборот на филмската екипа дојде веста дека Џуди Денч со овој филм дефинитивно ќе му каже збогум на нејзиниот лик М. Во филмот, таа ќе го претстави и нејзиниот наследник кој ќе го игра Ралф Фајнс.
Веста за смената на најважната ’Бонд девојка’ стигна откако Фајнс откри детали за неговата улога. „Глумам владин агент и… тоа е сè“. Извори блиски до студиото тврдат дека после тоа “и“ доаѓа одлуката на студиото за замена на Џуди Денч (77).
Таа би требало да го обучи ликот на Фајнс да ги преземе нејзините должности во британската тајна служба.
Филмот Skyfall својата премиера ќе ја има во октомври оваа година, а тогаш ќе дознаеме дали навистина Денч оди во пензија.
Џуди Денч прв пат го играше ликот М во Golden Eye во кој Бонд го играше Пирс Броснан.
{loadposition content9}