Берлускони е заљубен
Аурора Косио изгледа дека го маѓепсала Силвио Берлускони и го освоила неговото срце, објавија италијанските дневни весници.
| | Сцена & Муабети
Aurora- Silvio
Аурора Косио изгледа дека го маѓепсала Силвио Берлускони и го освоила неговото срце, објавија италијанските дневни весници. Блескавата шоу-дама има 31 година, родена е во Колумбија, но има италијански потекло и има универзитетска диплома по психологија. Нејзиното име не ѝ е многу познато на пошироката јавност, иако токму овие денови девојката постигнува големи успеси во киносалите.
Аурора добила улога во штотуку пуштениот филм „Недораснати 2“ (Immaturi 2), што е особено омилен меѓу публиката. Таа досега глумела во уште четири филма, кај режисерите Пупи Авати, Карло Ванцина и Дарио Балди. Злите јазици истакнуваат дека сите нејзини филмови се произведени од киностудиото „Медуза“ од холдингот „Медијасет“, чијшто сопственик е 75-годишниот поранешен премиер Силвио Берлускони.
{loadposition content9}