Skip to main content

Струга кубури со вода

Новата 2012 есета година стружани ја започнаа со проблеми од водоснабдителниот систем. Не ретко се случува стружани да останат без вода за пиење, или под слаб притисок да се тушираат.

 |  Билјана Николоска  | 
proakva
proakva
proakvaТопло, ладно. Има, нема или слабо има вода. Ваква е состојбата со водоснабдителниот систем во Струга, на самиот почеток на 2012 есета год. Одговорните имаат оправдување, се спроведува акција за промена на вентили пред водомерите. Директорот на Р.Е. „Водовод“, Ваит Ајро, рече дека веќе три месеци тече оваа акција на правните субјекти во општина Струга. Паралелено со тоа, се исклучува и водата за пиење кај субјектите кои имаат долгови кон ЈП, додава Ајро.
Граѓаните на Струга годината што измина ќе ја паметат по тоа што на 31 Декември за дочекот на Новата година останаа без вода за пиење. Првиот човек на МЈП „Проаква, Златко Старкоски не ја знаеше природата на проблемот поради тоа, но затоа пак неколку дена потоа Ајро, даде образложение.
„Поради пад на напонот на електрична струја кој се случи точно таа вечер, но во прашање беа само неколку саати“.
Директорот Ајро не му дава посебна тежина на проблемот со водоснабтителниот систем. Наспроти бројните реакции на стружани дека остануваат без вода за пиење, без да знаат зошто, директорот вели дека до него не стигнала ниту една жалба, ниту од правно ниту од физичко лице. Тој исто така напомена, дека додека се врши промената на вентилите на водомерите, корисниците од зафатеното подрачје остануват без вода најмалку 2-3 часа. Ајро вели дека оваа акција е добро прифатена од населението и тврди дека до месец март годинава истата ќе заврши.

{loadposition content9}