Повеќе прошетки за појак имунитет
Умерената физичка активност ги зајакнува одбранбените сили на организмот од инфекции на носот и грлото, вклучувајќи ја и обичната настинка, грипот и синузитисот.
Различните нивоа на вежбање придонесуваат значително зголемување или намалување на ризикот од инфекции на горните дишни патишта. Физичката активност помага да се утврди индивидуалната чувствителност кон инфекциите, заедно со другите фактори, како генетика, стрес, исхрана и квалитет на сон.
Истражувањата покажуваат дека луѓето кои практикуваат редовна умерена физичка активност, вклучувајќи ги тука и секојдневните прошетки, го намалуваат за речиси 1/3 ризикот од развој на респираторна инфекција.
Во периоди после континуирани напорни вежби, сепак ризикот да се разболиме се зголемува. Според истражувањата, по одржувањето на маратонска трка ризикот за учесниците од развој на инфекција на горните дишни патишта се зголемува за 2-6 пати.
{loadposition content9}