СВР-Охрид поднесе кривична пријава против сопственикот на хотел „Блу Скај“
СВР Охрид поднесе кривична пријава против сопственикот на хотелот „Блу Скај“ поради основано сомнение дека е сторител на кривично дело „Бесправно градење“.
Dilaver Bojku
Пријавениот А.Б роден 1989 година, на ден 13.10 0ваа година започнал со градежни работи-ископ на горниот дел од од кејот на реката „Црн Дрим“. Поради тоа е пореметено нормалното движење по горниот кеј на дримот. Пријавениот од градежниот инспекторат при општина Струга добил согласност за изведување зафати но само за санирање односно поставување изолација на зидот од објектот поради заштита од влага на истиот, но под услов после санацијата кејот да се врати во првобитна состојба.
Како што стои во соопштението од СВР Охрид, наместо тоа пријавениот воедно и сопственик на хотелот, започнал бетонирање на површината, што според согласноста од надлежните служби при опоштината не е дозволено. Од СВР Охри информираат дека во моментов превземаат мерки за пронаоѓање на пријавениот кој бил во бегство.
Инаку како што информираше ТВМ, Основниот суд од Струга, на сопственикот на хотелот Блу скај, му изрече времена мерка за забрана за натамошно изведување градежни зафати, откако дел од горниот кеј на реката Црн Дрим е ископан до темел. Судот ја изрече оваа мерка по барање на државниот правобранител, и против истиот се води истражна постапка за кривично дело, бесправно градење. Ова произлезе откако струшката јавност реагираше на зафатите кои интензивно се превземаат на дел од горниот кеј, односно, делот пред хотелот на Бојку.