Skip to main content

Шпионот и заводникот со дозвола за убивање наполни 50 години

Еден од најуспешните филмски серијали го започна својот живот со филмот „Др. Но“ во 1962 година, каде прв пат Џејмс Бонд го играше Шон Конери, а Урсула Андерс во бели бикини и со нож на половината и постави домашна задача на секоја следна девојка на Бонд.

 |   | 
50 godini james bond
50 godini james bond

Тој и натаму го пие своето мартини „проматено, не промешано“, прекрасно изгледа во смокинг, патува без пасош и ја спасува планетата, сето тоа со голем број убавици, кои сами му паѓаат во крило. Го прослави 50-от роденден и се вика Бонд, Џејмс Бонд.
50 godini james bond
Еден од најуспешните филмски серијали го започна својот живот со филмот „Др. Но“ во 1962 година, каде прв пат Џејмс Бонд го играше Шон Конери, а Урсула Андерс во бели бикини и со нож на половината и постави домашна задача на секоја следна девојка на Бонд.

Шпионот, љубовникот и херојот во изминатите пет децении воопшто не загуби од својата привлечност, што покажува и моменталното снимање на 23. продолжение, под наслов „Skyfall“, каде Бонд по трети пат по ред го игра Даниел Крејг.

Тој е шесттиот по ред глумец во улогата на агентот 007, а освен Крејг и Конери честа на големото платно да го оживеат јунакот од романот на Ијан Флеминг ја имаа и Роџер Мур, Џорџ Лазендби, Тимоти Далтон и Пирс Броснан. За популарноста на овој серијал говори и податокот дека барем еден од филмовите за Бонд го гледале повеќе од две милијарди луѓе, што е третина од светската популација.
site 007 akteri
Податотокот од кој може да ви се заврти во главата е дека буџетот за 22-те досега снимени продолженија изнесувал над милијарда долари, додека сите филмови заедно на благајните инкасирале над пет милијарди, не сметајќи ги бројните сувенири со ликот на Бонд.

Се зборува дека буџетот на филмот, кој моментално се снима во Лондон е најголем до сега и изнесува 200 милиони долари. Екипата во моментов е во луксузниот хотел „Four Seasons“ во Лондон, а еден дел од сцените ќе биде снимен и во Дубаи.
site zeni na 007
Откако е емитуван првиот филм во дамнешната 1962 година Бонд на големиот екран убил повеќе од 150 луѓе и спиел со 44 жени, од кои дури три четвртини од нив се обиделе да го убијат во некој момент од филмот.

По повод одбележување на 50-годишнината на Бонд, „Royal mail“ го организираше изборот на десет најубави насловни постери од филмовите за агентот, кои ќе се најдат на поштенските марки кои ќе бидат објавени во мај.

{loadposition content9}