Црвената е моќна, сината смирува, а портокаловата е креативна боја
Боите играат голема улога во нашиот живот иако често пати не им посветуваме големо внимание. Боите и расположението се поврзани, докажале бројни истражувања. Црвената боја буди моќни контрадикторни чувства, а сината е боја за смирување на страстите.
“Човекот во себе има вроден систем за реагирање на бои. Кога гледате црвена боја, ви се забрзува бројот на отчукувања на срцето во минута. Црвената е боја што поттикнува и тоа се случува на еволуциско-потсвесно ниво“, вели Лесли Харингтон од здружението “Асоцијација на бои на САД“.
Ви откриваме какви емоции будат различните бои.
Црвена
Оваа моќна боја буди чувства како што се страв, гнев и страст. Според експертите, црвената боја е прилично комплицирана и нејзините нијанси предизвикуваат различни емотивни реакции. Жените во црвено им се најпривлечни на мажите, а црвената за многумина е симбол на љубовта. Црвената се смета за боја на страста. Во смисла на облекувањето, црвената боја не е за секого. Може да ја носат луѓе со голема самодоверба.
Сина
Ако сакате да се смирите, насочете го погледот кон нешто сино оти оваа боја го намалува притисокот. Сината боја смирува. Експертите сметаат дека тоа е така затоа што сината боја е присутна во природата. Океанот и небото се сини и предизвикуваат смиреност. Кога станува збор за облекувањето, добро е да носите сина боја на интервју за работа затоа што така ќе оставите добар впечаток. Сината боја се поврзува со довербата, силата и стабилноста.
Зелена
Бојата на тревата, лисјата и друга богата вегетација е многу присутна во природата па со самото тоа носи позитивни конотации. Велат дека ова е совршена боја за опуштање, освежување и обновување на енергијата. Зелената боја се поврзува со природата и растот, но и со повторното раѓање. За избор во гардеробата, зелената боја им се препорачува на сите.
Жолта
Оваа боја во себе носи и позитивни и негативни конотации – од радост и среќа до завист и болести. Спектарот на човечки чувства зависи од тоа за која нијанса на жолтата боја станува збор. Ако е топла жолта тогаш кај нас ќе рабуди позитивни чувства. Ако е ладен тон, тогаш кај нас ќе преидзвика одбивност. Луѓето кои се облекуваат во топли тонови на жолта боја, велат експертите, зрачат со отвореност и пристапност.
Портокалова
Ова е комбинација на жолта и црвена боја, а буди позитивни чувства. Човечката потсвест ја доживува како креативна боја полна со ентузијазам. Портокаловата е боја која симболизира виталност и издржливост. Оваа боја е одличен избор за гардероба кај луѓето кои сакаат да бидат поинакви. Одличен избор е и за спортска опрема оти е витална и го поттикнува вежбањето.
{loadposition content9}