Skip to main content

Македонските функционери ќе си добијат повисоки плати!?

Платите на министрите, пратениците, судиите и целиот државен врв ќе се зголемат за 5 проценти од декември годинава.

 |   | 
paricnik
paricnik
Платите на министрите, пратениците, судиите и целиот државен врв ќе се зголемат за 5 проценти од декември годинава. Ова го предвидуваат измените во Законот за плати и надоместоци на избрани и именувани функционери кои денеска ќе се најдат пред пратениците на предлог на Владата. Според предложените измени, функционерските плати ќе се зголемат за пет проценти, но законот ќе има одложно дејство, односно ќе почне да се применува од декември оваа година, така што првата повисока плата функционерите ќе ја примат во јануари 2013 година.

Од СДСМ посочуваат дека нема да ги поддржат ваквите измени, бидејќи, според нив, во услови на еконосмка криза и голема сиромаштија, не е во ред функционерите да добијат повисоки плати.

Колку за пример, белгиските пратеници минатата недела прифатија нивните плати годинава да бидат намалени за пет проценти поради кризата и мерките за штедење, а хрватскиот премиер им ги скрати привилегиите на неговите министри.

{loadposition content9}